242
Лукаку не е оној истиот од Интер, напаѓачот имаше и повреда, па многумина мислеа дека само бавно се враќа во составот на Челси и Тухел ја дозира неговата минутажа.
Но, тој вели дека физички е добар, а не игра затоа што замислите на тренерот се различни.
„Физички сум добар. Но не сум среќен со ситуацијата во Челси. Тухел одбра да игра со друг систем. Не се предавам. Ќе бидам професионалец. Не сум среќен со ситуацијата. Професионалец сум и не можам да се предадам сега“, открива Лукаку.