Ромелу Лукаку го
навлече гневот на „сините“ откако непосредно пред дербито со Ливерпул беше
објавено интервју во кое напаѓачот изрази незадоволство од својата ситуација во
Челси и тоа што тренерот Томас Тухел има други замисли.
Фудбалерот од
Белгија беше исфрлен од тимот и синоќа се сретна со Томас Тухел да ги разчисти
недоразбирањата.
Вечерва Ромелу
Лукаку имаше видео обраќање со кое им се извини на фановите, тренерот,
соиграчите и управата на Челси.
„Сакам да им се извинам
на фановите, жалам што ве вознемирив, вие момци знаете каква е мојата
поврзаност со овој клуб уште од тинеjџерските денови, па разбирам зошто сте
вознемирени. Очигледно сега останува на мене повторно да ја заработам вашата
доверба и ќе го дадам максимумот за да ја покажам мојата посветеност, секој ден
на тренинзите и на натпреварите“ – вели Лукаку.
„Сакам да се
извинам и на тренерот, на соиграчите и на управата, тајмингот на интервјуто
беше погрешен“.
„Секам сето ова
да го оставам зад себе и да се погрижам повторно да победуваме и да го
прикажувам најдоброто од себе“.
A message from Romelu.
— Chelsea FC (@ChelseaFC) January 4, 2022