Лукаку како голем фан на Челси пристигна во Премиерлигата, но кратко траеше неговата авантура во лондонскиот клуб, се пресели во Евертон каде што има одлични партии, особено оваа сезона.
Изминатиот викенд Лукаку постигна дури четири голови на еден натпревар и во моментов е на првото место на листата на стрелци во Премиерлигата.
Се чини дека тој не може да го сокрие фактот дека се уште е навивач на Челси.
Доби задача да состави свој дрим тим од пет фудбалери кои играле во Премиерлигата, а на неговиот список дури четири се од Челси: Тибо Куртоа, Џон Тери, Френк Лампард и Дидие Дрогба, покрај нив во составот е и капитенот на Манчестер Сити, Винсент Компани.
Видеото од изборот на Лукаку можете да го погледнете на следниот ЛИНК.