Лукаку погоди на Олд Трафорд по 997. минути, Јунајтед ја забележа највисоката победа оваа сезона (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Манчестер
јунајтед се радува на првата победа во последните пет меча во Премиерлигата, и
тоа највисока оваа сезона откако на „Олд Трафорд“ го совлада Фулам со 4-1.

Домаќините
поведоа во 13. минута. Ешли Јанг продре по левата страна и прекрасно биеше за
водство од 1-0. Рашфорд потоа му асистираше на Мата за 2-0 а пред крајот на
првиот дел во листата на стрелци се запиша и Лукаку.

За напаѓачот ова
беше прв гол на Олд Трафорд по крајот на март, односно 997 минути фудбал.

Гостите во
вториот дел намалија на 3-1 преку Камара од пенал, но набрзо останаа со играч
помалку откако Замбо Ангиса заработи втор жолт картон. Конечниот резултат беше
дело на Рашфорд кој од тежок агол погоди на правата статива за 4-1.

Арсенал издвојува
тешка победа над Хадерсфилд и стигна до три важни бода во трката за топ четири
пласман. Гостите долго одолеваа а отпорот им беше скршен дури во 84. минута,
кога Тореира акробатски од пет метри ја затресе мрежата.

На уште два меча
од 16 часот резултатот беше 1-0. Барнли и Кардиф стигнаа до минимални победи
пред своите фанови против Брајтон односно Саутемптон. Вест Хем пак со пресврт
во вториот дел стигна до триумф од 3-2 над Кристал Палас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани