Лукаку одби нов, рекорден договор од Евертон, неколку клубови во трка по неговиот потпис

by
1 минути читање

Лукаку можел да стане првиот играч во историјата на Евертон со плата од над 100.000 фунти неделно, клубот од Гудисон Парк му понудил околу 130.000, но тој ги одбил.

Според англиските медиуми, преговорите запнале кај висината на откупната клаузула. Евертон сакале таа да изнесува 90 милиони фунти, Лукаку инсистирал да не биде повеќе од 70 милиони фунти.

Таквата ситуација го вклучува алармот кај клубовите кои се заинтересирани за неговите услуги.

Се шпекулира дека Челси посакува да го врати назад како замена за Диего Коста кој би можел да замине во Кина во летниот преоден рок.

Се шпекулира дека и Манчестер јунајтед ја разгледува можноста да го купи Лукаку, но нејасно е дали напаѓачот би сакал повторно да соработува со Жозе Мурињо поради претходното искуство.

Доколку замине од Премиерлигата, Јувентус и ПСЖ се споменуваат како можни опции за него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани