Лукаку: Никогаш, никогаш не ме споредувајте со Роналдо, тој е…

by
0 минути читање

Роналдо стана најдобар стрелец во националните тимови со 111 голови, Лукаку има 28 години и 66 голови за Белгија, па некои сметаат дека тој е единствена закана за рекордот на Португалецот во иднина.

„Никогаш не ме споредувајте со Кристијано Роналдо, никогаш“, вели Лукаку.

„Кристијано Роналдо за мене е еден од тројцата најдобри фудбалери во историјата на фудбалот. Нема да го рангирам од прв до трет, но тој е таму“.

„Имав доволно среќа да играм со него во Италија и сега тој повторно е во Премиерлгата, сето тоа е добро за англискиот фудбал“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×