Лукаку не го бива само за давање голови, зборува и осум јазици! (ФОТО)

by
1 минути читање

Ромелу Лукаку
минатото лето го напушти Интер по две одлични сезони и се врати во Челси во
трансфер вреден околу 115 милиони евра. Талентот за фудбал е очигледен, но тој
не е единствен, Ромелу Лукаку освен што е расен стрелец, важи и за полиглот.

Како дел од
процедурата за мечевите во Лигата на шампиони, УЕФА испраќа допис до медиумите
и ги известува на кој јазик фудбалерите можат да одговараат на прашања и да
даваат интервјуа. И додека најголемиот дел од фудбалерите говорат еден или два,
во графата на Ромелу Лукаку нема место бидејќи напаѓачот зборува дури осум
јазици.

Репрезентативецот
на Белгија зборува француски, германски, англиски, шпански, португалски,
холандски, фламански и италијански.

Ромелу Лукаку
зборува и на лингала (дијалект кој го користи дел од населението на Конго и
некои африкански земји) но за него нема место во дописот на УЕФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани