Лукаку: Кога зборуваат за Кејн, Левандовски, Бензема, мислат на светска класа, а за мене дека сум во добра форма

by
1 минути читање

Ромелу Лукаку и
неговата Белгија имаат засега добри резултати на Европското првенство, еден од
главните фаворити ја помина групната фаза, меѓутоа уште во првата пречка од
нокаут фазата налета на Португалија на Кристијано Роналдо.

За време на
пресконференцијата во пресрет на овој натпревар, ѕвездата на Белгија, напаѓачот
Лукаку стави јасно дознаење дека веќе може да се смета дека тој е дел од
фудбалерите кои се вброени во категоријата светска класа.

Кога луѓето
зборуваат за Роберт Левандовски, Карим Бензема, или Хари Кејн, тие мислат на
светска класа, а кога ќе се префрлат на мене, зборуваат дека сум во добра форма

рече Лукаку.

Сето тоа ме
мотивираше да работам уште понапорно, сега верувам дека јас припаѓам на листата
на фудбалери кои можат да се вбројат помеѓу оние во категоријата светска класа

додаде Белгиецот, а посочи што би посакал да има од играта на Кристијано
Роналдо.

Би сакал да ги
поседувам неговите перформанси во дриблање, како и неговиот шут, јас верувам
дека нему му се допаѓа моќта која јас ја поседувам на теренот, како и начинот
на кој играм во казнениот простор на противникот
“ нагласи 28 годишниот напаѓач
кој изминатата сезона постигна 30 погодоци на 44 натпревари за Интер во сите
конкуренции, а придодаде уште и 10 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×