Лукаку ќе се врати во Серија А

by
1 минути читање

По тешкиот период во Манчестер јунајтед, Лукаку се препороди во Интер, но по две години играње во Серија А се врати во Премиерлигата и потпиша за Челси.

Лукаку во Челси не блеска како во Интер, но рано е да се суди, има уште многу до крајот на сезоната. Но неговиот агент тврди дека Лукаку еден ден со задоволство би се вратил во Серија А.

„Еден ден повторно ќе го видиме Лукаку во Серија А“, вели агентот Пасторело за „Тутоспорт“.

„Лукаку ја сака Италија. Но сега зависи од Челси кој треба да ја искористи предноста на квалитетите на Лукаку“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани