177
Белгија лесно стигна до трите бода против Русија која играше на домашен терен во Санкт Петербург, но ги разочара своите навивачи.
Лукаку во десетата минута го отвори резултатото, а погодокот му го посвети на својот соиграч од Интер, Кристијан Ериксен кој денеска водеше битка за својот живот.
Во 34. минута една топка дојде до Муние кој ја смести во руската мрежа за водство на Белгија од 2-0.
На две минути пред крајот повторно овие двајца фудбалери беа во главна улога, Муние асистираше до Лукаку а тој погоди за конечни 3-0.
По првото коло во Б групата, прва е Белгија со три бода колку што има и Финска, следуваат Данска и Русија без бодови.