Лукаку им се извини на фановите на Интер: Сакам да се вратам и заедно да освојуваме нови трофеи

by
1 минути читање

Најпрво Лукаку кажа дека не е среќен со неговата ситуација во Челси, не игра поради тоа што Тухел одлучил да игра со друга тактика.

А потоа им се извини на фановите на Интер и кажа дека сака да се врати во период кога се уште ќе биде во најдобра форма, а не на залезот на кариерата.

„Мислам дека се што се случи минатото лето не требаше да се случи… начинот на кој си заминав од Интер, начинот на кој го напуштив клубот, како искомуницирав со фановите… тоа ми создаваше тешкотија бидејќи не можев да зборувам“, вели Лукаку.

„Сега е вистинско време да ги споделам моите чувства. Отсекогаш сум велел дека Интер е во моето срце, знам дека ќе се вратам во Интер, навистина се надевам дека тоа ќе се случи. Заљубен сум во Италија, ова е вистинско време да зборувам“.

„Навистина се надевам од дното на срцето дека ќе се вратам во Интер не на крајот на кариерата, туку додека се уште сум на највисоко ниво за заедно да освојуваме нови трофеи“.

„Сакам да им се извинам на фановите на Интер, тајмингот на моите зборови беше погрешен, тоа што вие го направивте за мене и за мојата фамилија секогаш ќе остане со мене“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×