Лукаку го напуштил Интер поради парите: Отиде во Челси за двојно поголема плата

by
1 минути читање

Минатото лето,
раководството на Интер најавуваше дека нема да ги продаде најдобрите играчи во
тимот и дека Ашраф Хакими ќе биде единствената „жртва“ но работите се променија
кога Челси тропна на вратата и достави понуда за Ромелу Лукаку.

„Нероаѕурите“
одбија неколку предлози, но кога на маса беа ставени 115 милиони евра, Ромелу
Лукаку си ги спакува куферите и се врати на Стемфорд Бриџ.

Генералниот директор
на Интер, Бепе Марота сега вели дека фудбалерот од Белгија бил примамен од
парите.

„Го продадовме Лукаку
за 115 милиони евра и го донесовме Џеко за беспари. На теренот, нема многу разлика“
– вели Марота.

„Лукаку замина за
да добива двојно поголема плата, во Италија нема шанси да има такви примања“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×