Лукаку би можел да се врати во Интер само доколку се исполнат два услова

by
1 минути читање

Лукаку брзо се покаја за трансферот во Челси, па сега моли да се врати во Интер. Тој разговарал со директорите на клубот и со некои од поранешните играчи, им кажал дека сака да се врати.

Но, тоа нема да биде воопшто лесно бидејќи финансиската ситуација во Интер не е сјајна.

Лукаку може да се врати само под два услова. Прво, тоа да биде позајмица, а второ да прифати намалување на платата за половина од таа што ја добива во Челси.

Тој во моментов во Челси заработува 13-14 милиони евра годишно, Интер не може да му понуди повеќе од 6,5 милиони евра.

Напаѓачот и да е подготвен да го прифати големото намалување на плата, за трансферот ќе се праша и Челси, дали тие ќе сакаат да го испратат на позајмица.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×