Лукаку: Бев тука како дете, сега се враќам многу поискусен и посилен во овој посебен клуб за мене

by
1 минути читање

Челси го донесе Лукаку од Белгија уште како тинејџер, но тогаш тој не доби голема шанса. Беше позајмен на ВБА, па Евертон кој потоа го откупи целосно, играше за Манчестер јунајтед и Интер пред да се врати повторно во Челси.

Челси е клубот за кој навива од мал, па за него посебно значење има тоа што повторно ќе игра за овој клуб, овој пат доаѓа со многу поголемо искуство.

„Среќен сум и благословен што сум повторно назад во овој прекрасен клуб. Ова беше долго патување за мене, дојдов тука како дете кое требаше уште многу да учи, сега се враќам со големо искуство и поголема зрелост“, вели Лукаку.

„Односот кој го имам со овој клуб ми значи премногу, како што знаете. Од дете навивам за Челси и сега се враќам и ќе се обидам да му помогнам да освои повеќе титули, чувството е неверојатно“.

„Амбициите на клубот ми одговараат перфектно, се враќам по освоена титула во Серија А и мислам дека можноста дојде во вистинско време и се надевам дека заедно ќе имаме многу успех“.

„Откако го напуштив Челсии поминав долг пат со подеми и падови, но тие искуства ме направија посилен и предизвик ми е да му помогнам на тимот да освои повеќе трофеи. Не можам да дочекам да почнам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×