Лукакау: Кревав 100 килограми на „бенч“, но во Интер ми ги забранија теговите

by
1 минути читање

Лукаку важи за еден од најмоќните напаѓачи во светот, Белгиецот има фасцинантна физичка конституција, но во Италија не му е дозволено да вежба на ист начин како во Англија.

Тој претходно зборуваше како промената на исхраната имала позитивно влијание врз неговата игра, а сега кажува дека во Интер не му е дозволено да крева тегови.

„Кога имав 15 години, можев да кренам 100 килограми на „бенч“, но откако дојдов во Италија не ми е дозволено тоа. На првиот тренинг кога дојдов се обидов да кревам тегови, и нашиот фитнес тренер ме погледна остро“, открива Лукаку.

„Во основа, единствената работа која ми е дозволена во теретана, е координирани вежби со оние ластици“.

Лукаку вели дека Серија А има посебна тежина.

„Искрено не очекував да бидеме на оваа позиција. Серија А е навистина комплицирана лига, треба да бидете подготвени за секој меч. Секој меч е поинаков тест. Тоа ми помогна да станам подобар фудбалер, но мора напорно да се работи“.

„Мислам дека дефанзивците и голманот вршат голема работа, полесно ни е нас напаѓачите кога го знаеме тоа, знаеме дека порано или подоцна ќе постигнеме гол“.

„Конте секогаш вели дека напаѓачот е првиот во дефанзивната линија, па со Лаутаро, Алексис Санчез и Андреа Пинамонти се обидуваме да го блокираме противникот кога тој ја почнува акцијата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×