Лук де Јонг во 96. минута ја спаси Барса од пораз во градското дерби против Еспањол (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Еспањол и Барселона одиграа возбудлив меч, полн со тензија, беа доделени и црвени картони, немаше победник меѓу градските ривали.

Еспањол на овој меч влезе во катастрофална форма, имаше едно реми и четири порази на последните пет меча, но против Барса мотивацијата секогаш е поголема.

Барселона имаше фантастично отварање на мечот, Педри постигна гол уште во втората минута за водство од 1-0.

Но на пет минути пред крајот на првото полувреме Дардер го изедначи резултатот на 1-1.

Во 64. минута се случи комплетен пресврт, Де Томас постигна гол за водство на Еспањол од 2-1.

Се чинеше дека Еспањол ќе дојде до триумф, во финишот имаше повеќе тензија од фудбал. Во 92. минута судијата покажа два црвени картони, Пике беше исклучен кај Барса, Меламед кај Еспањол.

И кога се очекуваше крај, Адама Траоре упати еден  одличен центаршут, Лук де Јонг погоди со глава и донесе реми за Барселона, 2-2 беше конечниот резултат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани