Луис Суарез му симна капа на Ерлинг Халанд за убавиот гест (ФОТО)

by
1 минути читање

Ерлинг Халанд е
новата фудбалска ѕвезда која треба да доминира во следните години, Норвежанецот
е миленик на голем број фудбалски љубители ширум светот.

Еден од нив е и
Бенџамин Суарез, синот на Луис Суарез. Татко му можеби е еден од најдобрите
напаѓачи, но младото момче за идол го има голгетерот на Борусија Дортмунд.

Во неделата,
Бенџамин наполни 8 години, а денот дополнително му бил разубавен со специјален
подарок, добил дрес на Ерилнг Халанд со посвета, „Среќен роденден Бенџамин!“

Луис Суарез на
социјалните мрежи изрази голема благодарност за убавиот гест.

„Топ фудбалер…
многу сум благодарен за дресот со посвета за роденденот на мојот син. Голем гест…
Продолжи со напорната работа. Уште еднаш големо благодарам“
– напиша Уругваецот
во постот на Инстаграм.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани