Луис Енрике ги загубил нервите по тешкиот пораз, сакал да се пресмета со новинар

by
2 минути читање

„Каталонците“
вчера доживеаја дебакл на гостувањето во Париз и загубија со високи 4-0 во
првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Шампионите.

Тешкиот пораз си
го сторил своето, па Луис Енрике за малку ќе предивикал голем инцидент во подтрибинскиот
простор на Паркот на Принцовите.

Стратегот најпрво
ги загибил нервите кога разговарал со новинарот Жорди Грау од најголемата
каталонска телевизија ТВ3.

Луис Енрике бил
гневен и почнал да мавта со рацете кога бил запрашан за коментарите на Серхио
Бускетс, кој изјави дека тактиката и интензитетот на ПСЖ биле далеку подобро.

„Ми се чини дека
дека овие зборови премногу лесно го користиш, нели?
– вели тренерот на Барса во
интервјуто.

„Очигледно не си
го прател добро натпреварот бидејќи ја променивме формацијата
.

„Од 4-3-3 се
префрливме на 4-2-3-1, се обидовме да промениме одредени работи за Лео Меси да
добие повеќе слобода и да го добилижиме до голот
.

„Но што и да
направевме, резултатот ќе беше ист. Веќе кажав, јас сум одговорен за поразот и
не барајте вина кај другите
.

„Но не ми се
допаѓа вашиот тон, би сакал да добивам ист третман и кога победуваме и кога
губиме
.

Според
новинарката на Астресмедија, Сузана Гуаш, ситуацијата дополнителна се влошила
по интервјуто.

Таа открива дека Луис Енрике се
упатил кон новинарот со намера да расчисти некои работи, а поголем инцидент
спречиле тројца луѓе кои не дозволиле да дојде до физички шресметка помеѓу стратегот
и Жорди Грау.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани