Италијанскиот новинар Лоренцо Бетони ги потсети сите оние кои се жалеа дека Кјаер доби повисок ранкинг, на вредностите на данскиот фудбалер.
Кјаер му го спаси животот на Ериксен на стартот на Европското првенство и тоа е потег кој е поголем од фудбалот. Данецот беше херој во тој момент и синоќа доби награда за тоа.
Но она за кое се жалат и го исмеваа особено во Англија каде има преку 15.000 пораки на твитер против Кјаер, е неговиот висок ранкинг.
Кјаер се пласираше на 18. место на листата, заврши пред играчи како Мејсон Маунт, Ријад Марез, но и пред Рубен Диаш и Лука Модриќ.
Оние кои го исмеваа веројатно и не пратат фудбал подалеку од својата земја. Кјаер покрај тоа што му го спаси животот на Ериксен, имаше фантастична сезона.
Како капитен ја водеше Данска до полуфиналето на Европското првенство, а за Милан беше еден од најзаслужните што росонерите се вратија во Лигата на шампионите. Кјаер одигра брилијантно и за репрезентацијата и за клубот во кој настапува.
Одигра 39 натпревари за Милан во сите натпреварувања и на ниту еден не разочара, данскиот фудбалер го заслужи ранкингот кој го има.
This is more than football.
Thanks @simonkjaer1989 for being you!#ballondor pic.twitter.com/Z84TCbiafE
— Ballon d’Or #ballondor (@francefootball) November 29, 2021