Во последниот
натпревар од 7. коло во Премиерлигата, Ливерпул и Манчестер Сити одиграа
возбудливо реми. По 45 минути без погодоци, „црвените“ и „граѓаните“ приредија спектакуларно
второ полувреме со четири погодоци.
Резултатот беше
отворен по еден час игра, Салах одлично повлече, убаво го проигра Мане кој погоди
за 1-0. Десет минути подоцна пристигна одговорот на гостите, Жесус доби повеќе
простор, му асистираше на Фоден, кој по земја го матираше Алисон за 1-1.
Во 76. минута од
мечот, Салах приреди мала мајсторија, Египјанецот најпрво се ослободи од
Бернардо Силва, потоа го измеша и Лапорт за со десна да ја затресе мрежата на Едерсон
за 2-1.
Сепак, пет минути
подоцна, Де Брајне прецизно пласираше од врвот на шеснаесетникот за 2-2 и
поделба на бодовите.