Лудница за во Серија А, а на крај се остана исто, Јувентус дојде на чекор од ЛШ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Возбудлива фудбалска вечер донесе вистинска драма во италијанската Серија А, каде што битката за Скудетото меѓу Интер и Наполи продолжува и по претпоследното коло. Двата претенденти за титулата одиграа нерешено – Интер со 2:2 против Лацио, додека Наполи ремизираше без голови на гостувањето кај Парма.

На „Џузепе Меаца“ се играше натпревар со многу пресврти. Бисек го отвори резултатот за Интер во судиското надополнување од првото полувреме, но Лацио се врати преку Педро во 72. минута. Само неколку минути подоцна, Дензел Дамфрис донесе ново водство за „нераѕурите“, но Педро повторно израмни и ги замолчи навивачите во Милано. Во последните секунди од мечот, Интер постигна гол за победа, но истиот беше поништен поради офсајд, па мечот заврши без победник.

Драма имаше и во Парма. Наполи доби пенал во завршницата, но по ВАР интервенција судијата го поништи, па резултатот остана 0:0.

Причина за славје вечерва имаат навивачите на Јувентус кој со победа против Удинезе од 2-0 дојде на чекор од обезбедување на четвртата позиција која носи во Лигата на шампионите што ако се погледне како играше Јувентус сезонава е добар пласман.

Рома, пак, во подем под водство на искусниот Клаудио Раниери, го победи Милан со 3:1 и останува во трка за Лигата на Европа. „Волчицата“ во последното коло ќе се соочи со директен дуел за Европа против градскиот ривал Лацио, но ќе влезе во таа пресметка со предност и ќе зависи исклучиво од себе.

СЕРИЈА А 37. КОЛО:

Рома – Милан 3-1

Каљари – Венеција 3-0

Фиорентина – Болоња 3-2

Интер – Лацио 2-2

Јувентус – Удинезе 2-0

Лече – Торино 1-0

Монца – Емполи 1-3

Парма – Наполи 0-0

Верона – Комо 1-1

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани