„Лудило“ во Хрватска: Билети за натпреварот на Риека се продаваат и по 250 евра!

by Стефан
1 минути читање

Хрватското првенство влегува во драматична завршница, а тимот на Риека пред последното коло е во најдобра позиција во трката за шампионската титула. Тие сами одлучуваат за својата судбина, ако во недела од 17 часот на „Рујевица“ слават над Славен Белупо, ќе станат шампиони, без разлика на тоа што ќе направат нивните ривали Динамо Загреб и Хајдук.

Во последното коло, и Динамо и Риека имаат по 62 бода, додека Хајдук е на чекор зад нив со 60. Тоа значи дека само Риека не зависи од никого и победа им носи шампионска круна по вторпат во историјата на клубот. За Динамо и Хајдук, пак, останува да победат и да се надеваат на кикс на конкурентите.

Поради тоа интересот за овој натпревар натпревар е огромен. Стадионот „Рујевица“ со капацитет од нешто повеќе од 8.000 места одамна е премал за сите кои сакаат да бидат дел од овој историски момент.

Така на „црниот пазар“ се појавија и билети кои се продаваат по цена од 250 евра за место на источната трибина. За споредба регуларната цена на билетите за оваа трибина изнесуваше 20 евра за членовите на клубот и 40 за останатите.

Фото: NK Rijeka/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани