Натпреварот не почна најдобро за Ливерпул, Робсон Кану во 15. минута донесе водство за ВБА од 1-0.
Но радоста на домаќините траеше до 33. минута кога Мухамед Салах погоди за израмнување на 1-1.
Во 70. минута ВБА прекку Бартли постигна гол, но ВАР го поништи поради пасивен офсајд, контроверзна ситуација.
Кога се очекуваше дека ќе нема победник на мечот, при еден корнер, Алисон отиде во шеснаесетникот на ВБА и токму тој погоди со глава за победа на Ливерпул од 2-1.
Оваа победа е премногу значајна за Ливерпул ако се знае дека во следното коло Челси и Лестер имаат меѓусебен дуел. Тоа значи дека црвените сами си ја кројат судбината и со победи против Барнли и Кристал Палас во последните две кола ќе завршат во топ четири.
West Brom 1-2 Liverpool | GOAL Alisson #WBALIVpic.twitter.com/ZXToF8kKp4
— #بث_مباشر HD (@HD34913104) May 16, 2021