Луди сцени: Намерно си даде два автогола за да им ја расипе местенката на соиграчите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Последното коло
од најсилното првенство на Гана донесе луди сцени, на натпреварот помеѓу Ашанти
Голд и Интер Алајс, паднаа два смешни автогола.

При резултат 5-0
за домаќините, во 78. минута од мечот, Хашмин Муса си ја затресе сопствената
мрежа. Во 82. минута, истиот фудбалер уште еднаш реши да ја шутне топката во
сопствениот гол, и потоа веднаш беше изваден од игра.

По крајот на
натпреварот, Хашмин Муса изјави дека намерно го сторил ова откако во хотелот
слушнал како соиграчите договараат местенка и дека натпреварот треба да заврши
5-1.

Фудбалската
федерација на Гана веднаш соопшти дека ќе отвори истрага. Дека има нешто
сомнително, говори и четвртиот погодок на Ашанти Голд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×