Луди пет минути на Меаца, Икарди од трибините гледаше како Интер слави против Сампдорија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дури пет тима имаат амбиции за две места кои водат во Лигата на шампионите, па Интер немаше право на кикс пред своите фанови во дуелот со Сампдорија. 

„Нероаѕурите“ одново беа без сега веќе екс-капитенот, Мауро Икарди, кој официјално поради повреда не беше во составот и од трибините заедно со сопругата Ванда Нара го следеше мечот.

Избраниците на Спалети беа подобар противник но тешко креираа шанса за гол, а и не беа многу спретни ниту во полу-приликите кои им се укажаа. Победникот беше решен во луди пет минути. Иницијативата и притисокот на Интер вроди со плод во 73. минута кога Перишиќ убаво продре и нафрли на пет метри каде Д’Амброзио пружи нога и погоди за 1-0. 

Во 76. минута од мечот една неспретна реакција на одбраната на Интер, Габијадини ја искористи и реализираше за 1-1 практично со првиот допир откако влезе во игра. Сепак Интер не падна психолошки и веднаш одговори. По еден корнер, топката дојде до Наинголан кој од врвот на шеснаесетникот прецизно биеше за 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани