На четири кола пред крајот на сезоната во Чемпионшип, второто по ранг натпреварување во Англија сведоци сме на една ситуација какваа што ретко се гледа.
Имено, секој тим на табелата теоретски се уште има шанси да се бори за промоција или да води битка за опстанок.
Сите први 11 клуба математички и понатаму можат да се надеваат за борба во ранг погоре и тоа се: Лидс, Барнли, Шефилд, Сандерленд, Бристол, Ковентри, Вест Бримович, МИделсброи, Милвол, Блекбурн и Вотфорд.
Свонси, Норвич и Шефилд се единствените три екипи кои можат и да испаднат и да се борат за промоција, додека за својот опстанок стравуваат екипите од 15-тата до 24-тата позиција (Квинс Парк Ренџерс, Престон, Оксфорд, Стоук, Портсмунт, Хал, Дерби Каути, Кардиф, Лутон и Плимонт.