Луд меч во Милано, Интер промаши пенал за победа, па ВАР ја спречи Аталанта да слави (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер и Аталанта
ги поделија бодовите и одиграа 2-2, но лесно можеше еден од тимовите да си
замине со цел плен.

Домаќините добро
го отворија натпреварот и поведоа по пет минути игра, Мартинез прекрасно закачи
еден волеј и погоди под пречката за 0-1. Но гостите потоа заиграа подобро,
Малиновски испрати ракета по половина час игра и изедначи на 1-1.

Во 38. минута се
случи пресверт, Толои прв стигна до една одбиена топка и ја донесе Аталанта до
водство од 1-2.

Во продолжението
од мечот, Инѕаги направи неколку замени, Интер притисна и стигна до 2-2 во 71. минута,
Џеко се најде на право место и рутински ја затресе мрежата.

Во 85. минута,
Интер доби пенал, Димарко ја превзеде одговорноста но биеше силно во пречката.

Казната стигна
веднаш, Пиколи погоди за 2-3 во 88. минута за голема радост на Аталанта. Но
славјето беше прекинато по интервенција на ВАР, топката го напуштила теренот кога
Хандановиќќ се обиде да спаси корнер на зачетокот од акцијата, па на крајот немаше
победник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани