Тотнем заврши едно натпреварување за оваа година, тимот на Мурињо со полна мрежа и пораз се враќа од Гудисон Парк, Евертон оди понатаму.
Тотнем одлично го почна мечот, Дејвисон Санчез постигна гол уште во третата минута за водство од 1-0.
Но потоа за седум минути Тотнем прими три гола, најпрво погоди Калверт Лун, потоа Ришарлисон, и на крај Сигурдсон од пенал за водство на Евертон од 3-1.
Во судиското продолжение од првото полувреме Ламела по едно двојно проигрување со Сон даде гол и намали ина 3-2 со што најави интересно второ полувреме.
Во 57. минута Дејвисон Санчез постигна нов гол, овој пат за израмнување на 3-3, но само десет минути подоцна Ришарлисон го врати водството на Евртон.
На седум минути до крајот Хари Кејн по асистенција од Сон погоди со глава и изедначи на 4-4, мечот отиде во продолженија.
Во 97. минута од мечот, Бернанрд постигна гол за 5-4 за Евертон што беше и конечен резултат.
До крајот на мечот Тотнем се обидуваше да даде уште еден гол, но не успеа.
Ова беше меч во кој Тотнем упати најмногу шутеви, дури 28, од кои 12 завршија во голот, даде и четири гола, но она што треба да го загржи Мурињо е одбраната, дури пет примени погодоци, што е премногу за негов тим.