Луд меч со 8 гола: Удинезе му продаде финта на Лацио во 99. минута, Арслан ги шокираше домаќините (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Последниот натпревар
од 15. коло во Серија А донесе дуел кој ретко се гледа, Лацио и Удинезе ги
поделија бодовите во меч со осум погодока.

Гостите по
половина час игра имаа предност од 0-2, Бето два пати ја тресеше мрежата на
Реина. Имобиле намали на 1-2 во 34. минута, но Молина пред крајот на првиот дел
погоди за нова предност на Удинезе од два гола.

Лацио одлично го
отвори второто полувреме и со головите на Педро и Сергеј Милинковиќ Савиќ, по
десетина минути игра во продолжението, стигна до 3-3.

Двата тима потоа
останаа со играч помалку, за Ачерби да донесе водство за домаќините од 4-3 во
79. минута.

И кога се чекаше
последниот свиреж, Удинезе му продаде финта на Лацио во 99. минута. Гостите
имаа слободен удар, и кога сите очекуваа центаршут, топката беше упатена на
врот од шеснаесетникот каде осамениот Арслан неодбранливо биеше под пречката за
4-4.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×