Возбудлив натпревар
на Сан Сиро полн со драма, Фиорентина беше многу блиску до победа но на крајот
„виолетовите“ си заминаа од Милано со празни раце.
Гостите одлично
го отворија мечот и поведоа по само три минути игра. Една лоша реакција на
одбраната на Интер овозможи двајца играчи на Фиорентина да се најдат осамени пред
Хандановиќ а Бонавентура несебично го проигра Куаме за 0-1.
Интер потоа притисна
и стигна до изедначување во продолжението на првиот дел, Луатаро прецизно биеше
од работ на шеснаесетникот за 1-1
На стартот од
вториот дел, избраниците на Конте направија целосен пресврт, Чекерини неспретно
реагираше и си ја затресе сопствената мрежа за 2-1. Сепак, пет минути подоцна
Кастровили изедначи на 2-2 а по една контра, Киеза погоди за 2-3 и нов пресврт.
Влаховиќ имаше
шанса да го фрли Интер на колена, а за промашувањето казна стигна во финишот.
Во период од 100
секунди, Лукаку реализираше за 3-3 по една одлична акција, а Д’Амброзио највисоко
скокна на подалечната статива по еден корнер за 4-3 и огромно славје.