156
Ливерпул поведе со гол на Салах уште во третата минута од мечот, и фуриозниот старт наговестуваше лесна победа.
Црвените создаваа шанси, но топката не влезе по вторпат во мрежата на Дубравка.
Се чинеше дека Ливерпул ја има контролата на мечот, но во последните минути го испуштија натпреварот од раце.
Во 92. минута Вилсон постигна гол, кој можеби престрого му беше поништен поради играње со рака.
Кога сите помислија дека Њукасл со тоа ја загуби шансата за бод, во 95. минута Вилок даде гол за 1-1. Овој пат погодокот беше регуларен.
Ливерпул загуб два многу важни бодови во трката по четвртата позиција на табелата.