Предводникот на
Динамо Киев, Мирчеа Луческу смета дека Барселона не е на нивото за да дојде до
титулата во Лигата на шампионите, а изјавата на Романецот доаѓа во пресрет на
вечерашната пресметка помеѓу овие два клуба на „Камп Ноу“ во третото коло од
групите во елитното европско клупско натпреварување.
Се чини дека
Романецот воопшто не стравува од пресметката со составот предводен од страна на
Роналд Куман кој тргна со максимални две победи, против Јувентус, односно
Ференцварош, а Динамо Киев со реми против Ференцварош, односно пораз од
Јувентус.
„Не верувам дека
Барселона е на нивото да ја освои Лигата на шампионите во овој момент. Баерн
Минхен, Манчестер Сити или ПСЖ имаат повеќе опции“ смета Луческу.
„Како и да е, имаат
неверојатен играч во Лионел Меси, кој може да биде од големо значење на
теренот, на нов тренер во една екипа потребни му се минимум шест месеци за
тимот да изгледа сосема поинаку“ додаде Романецот алудирајќи на тоа дека на
Куман му е потребен период на клупата на Каталонците.