Погба нема одиграно натпревар за Манчестер јунајтед од 2. ноември кога заработи повреда на настап за француската репрезентација.
Во декември Рангник му кажа на Погба да ја прекине рехабилитацијата која се одвиваше во Дубаи и да се врати во Карингтон и таму да продолжи да се опоравува.
Но, рехабилитацијата на Погба не се одвива според планот, првичните прогнози велеа дека ќе се врати во текот на овој месец, но тоа ќе се оддолжи.
„Пред една недела ми рекоа дека ќе му бидат потребни нови четири-пет недели“, вели Рангник.
„Го видов утрово пред почетокот на тренингот, но не знам колку ќе му биде потребно да се врати“.
„Тој се уште не тренира со тимот. Од тоа што го знам од медицинскиот тим, ќе му требаат уште три-четири недели да се врати на тимските тренинзи“.
Погба ќе биде во трка со времето да биде подготвен за 23. февруари кога Манчестер јунајтед игра против Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите.