120
Агуеро во текот на првото полувреме беше заменет на мечот против Алавез поради аритмија, неправилно отчукување на срцето. Аргентинецот почувствувал болки во градите и потешкотии во дишењето.
Барселона денеска соопшти дека на Агуеро му е забранет голем физички напор до февруари.
Во меѓувреме ќе продолжат лекарските прегледи за да се утврди дали постои посериозен проблем. Доколку се биде во ред, тој ќе може да игра после три месеци, во спротивно неговото отсуство ќе биде подолго.