Лоши вести за паднатиот француски гигант, Оливер Кан се откажа од купувањето!

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот германски голман и претседател на Баерн Минхен, Оливер Кан, се повлече од планот за преземање на францускиот четвртолигаш Бордо.

Кан минатата недела поднесе писмо за намера до трговскиот суд во Бордо, но откако доби увид во финансиската и правната состојба на клубот, одлучи да се повлече. Преку јавно писмо до навивачите, тој објави дека не сака да инвестира 50 милиони евра во проект со толку многу неизвесности.

„Со големо разочарување, по темелна анализа, донесовме одлука да не продолжиме со преземањето“, истакна Кан.

Бордо се наоѓа во длабока криза – под водство на Жерар Лопес од 2021 година, клубот испадна во втора лига, а потоа и изгуби професионален статус, по што се најде во четвртата лига под заштита на трговскиот суд.

Судењето за финансискиот план на Лопес е закажано за 13 јуни, со цел долгот од 94 милиони евра да се сведе на 26.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани