Лоши вести за Флик и Барселона по мечот со Интер

by 24 фудбал
1 минути читање

Жил Кунде заработи повреда на тетивата во ремито со Интер (3:3) и мораше да биде заменет уште пред полувремето – на негово место влезе Ерик Гарсија.

Иако деталните прегледи ќе ги направи во четврток, првичните информации не се охрабрувачки – дефанзивецот најверојатно ќе го пропушти реваншот на „Сан Сиро“, а под знак прашалник е и за „Ел Класико“ на 11 мај.

Иронија на судбината, токму Кунде беше херојот на Барса минатиот викенд, кога со гол донесе победа во финалето на Купот на кралот (3:2).

Францускиот репрезентативец е еден од најстандардните играчи кај каталонскиот гигант оваа сезона – настапи на 52 натпревари во сите конкуренции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани