„Росонерите“ имаат невозможна мисија да обезбедат настап во Европа преку Серија А, а една од причините за лошиот пласман е очајната статистика од дуелите со ривалите за највисок пласман.
Милан во неделата загуби дома од Аталанта со 0-1 и остана на позицијата број 9 на табелата, со невозможна мисија да обезбедат настап во Европа преку Серија А.
Ена од причините за лошиот пласман е очајната статика од дуелите со ривалите и големите натпревари.
Од досегашните пресметки против топ 8 екипите, „росонерите“ освоија само 8 бода од можни 42.
Парадоксално, Милан најдобро помина во пресметките против актуелниот шампион и лидер – Интер, и осви 4 бода во двата дуели со лутиот градски ривал.
Во останатите пресметки, Милан има 0 против Наполи (0-2; 1-2), 0 против Аталанта (1-2, 0-1), 0 против Болоња (1-2, треба да го одиграат вториот натпревар на Сан Сиро), 1 против Јувентус (0-2, 0-0), 1 против Рома (1-1, треба да го одиграат вториот натпревар на Олимпико), 1 против Лацио (2-2, 1-2), 1 против Фиорентина (1-2, 2-2).