Динамо Загреб
приреди вистинска сензација елиминирајќи го Тотнем во осминафиналето од Лига
Европа, иако фаворитот имаше капитална предност од 2-0 од првиот меч, сепак,
Оршиќ со хет-трик го откажа тимот на Жозе Мурињо.
Особено разочаран
по мечот беше голманот на Тотнем, Хуго Лорис, кој наведе дека тоа што му се
случи на тимот е вистински срам.
„Премногу сме
разочарани, едноставно, ова е срамота, се надевам дека сите во соблекувалната
се чувствуваат одговорни за тоа што се случи, ова е срамота…“ изјави Лорис.
„Што повеќе би
можел да кажам за сево ова, сите сме одговорни, а чувството по тоа што се случи
е болно“ додаде голманот на Премиерлигашот.
Тотнем во недела
ќе може да се рехабилитира од овој пораз, односно на гостувањето кај Астон Вила
во рамките на 29 коло од Премиерлигата.