Кариерата на
Лорис Кариус драстично се промени во 2018 година, голманот имаше големи киксови
во финалето од Лигата на шампионите и практично на Реал Мадрид му ја подари победата
од 3-1 во Киев.
Јирген Клоп и
„црвените“ веднаш го шкртнаа Германецот, тој потоа беше испратен на двегодишна позајмица
во Бешикташ, која заврши со тужба за неисплатени плати и предвремен прекин на
соработката.
Во 2020 следеше нова позајмица и преселба во редовите на Унион Берлин, а откако не се наметна и таму, минатото
лето се врати на Енфилд. Ливерпул се обидуваше да му најде нов клуб, но
неговата неделна плата од 65.000 фунти беше премногу за сите оние кои пројавија
инттерес и тој остана дел од „црвените“.
Но Лорис Кариус
само на хартија е член на Ливерпул, нема одиграно ниту една минута и е четврти избор за местото помеѓу стативите.
Голманот очигледно има доста слободно време за теретана па изненади со новиот изглед, се
направил ѕвер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.