2,1K
За Розенборг утрешниот
меч против Вардар во шестото, последно коло од групата „Л“ е последен во оваа
календарска година. Од норвешкиот шампион на пресконференцијата пред денешниот
тренинг најавија дека ќе се борат за победа во Скопје.
Во фокусот на вниманието
на тренингот на гостинскиот табор беше првиот стрелец во веќе завршениот
норвешки шампионат, Никлас Бендтнер кој сезоната во Норвешка ја заврши со 19
погодоци.