Локатели откри од кои фудбалери на Јуве има постери дома и раскажа интересна анегдота поврзана со баба му

by
1 минути читање

По долги преговори, Јувентус оваа недела си подаде рака со Сасуоло за трансфер на Мануел Локатели. Неколку клубови пројавија интерес за фудбалерот од средниот ред, нивните понуди дури беа подобри од онаа на „бјанконерите“, но Италијанецот имаше само желба за преселба во Торино и тоа на крајот се покажа како клучно.

„Јувентус беше мојот приоритет. Преговорите не беа лесни, имаше моменти кога бев многу загрижен, но сега сум тука и сум многу горд“ – вели Локатели.

„Моето семејство навива за Јувентус. Во мојата соба има постери од Недвед, Дел Пјеро и Буфон. Дури и Маркисио ми беше голема инспирација. Немам ништо против да направам кариера како неговата“.

Мануел Локатели се промовираше на фудбалската сцена пред пет години, кога како 18 годишно момче постигна прекрасен гол и донесе победа од 1-0 за Милан против Јувентус.

„Погодокот кој го постигнав во дресот на Милан во 2016 беше неверојатен момент кој ме катапултираше во некоја нова реалност за која за жал не бев подготвен, бев многу млад, потоа страдав многу бидејќи очекувањата беа големи по тој погодок, но благодарејќи на Сасуоло, ја вратив кариерата на прав пат“.

„Ќе ви кажам една интересна анегдота поврзана со баба ми, кога го постигнав голот против Јувентус, ми рече, „Мануел постигна добар погодок, ама голот на Пјаниќ беше регуларен (постигна гол од слободен удар кој беше поништен поради офсајд)“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×