153
Ливерпул доживеа нов удар во битката за топ четири, но се чини дека таа веќе и нема да им биде важна бидејќи ќе играат во Суперлигата, а не во Лигата на шампионите.
Резултатот го отвори Мане со гол во 31. минута.
Потоа жестоко нападна Лидс, особено во второто полувреме, а Ливерпул создаваше шанси од контра напад.
Конечно Лидс постигна гол во 87. минута кога Љоренте најдобро се снајде во шеснаесетникот на Ливерпул и даде гол со глава.
Алиоски беше стартер на мечот и во игра остана до 79. минута.