Во Ливерпул
размислуваат во летниот преоден рок да се обидат да го ангажираат фудбалерот на
Лестер, Јури Тилеманс, и тоа како пополнување на дупката која ќе остане со
заминувањето на Џини Вајналдум.
Веќе е познато
дека Холанѓанецот и дефинитивно ќе си замине, откако обете страни не пронајдоа
заеднички јазик за продолжување на соработката, а извесно е дека неговата идна
дестинација ќе биде Барселона.
Од друга страна
пак, 24 годишниот Тилеманс има уште две години од својот активен договор со
Лестер, а белгиски „Хет Нивсблад“ известува дека тој котира високо на листата
на желби кај Ливерпул.
Истовремено, се
верува дека Манчестер јунајтед, како и гиганти од Шпанија би биле
заинтересирани за Белгиецот доколку тој биде достапен на трансфер пазарот во
периодот кој претстои.