На Ливерпул му се потребни уште три бода за да ја завери шампионската титула во Премиер лигата, црвените денеска не играат, но и покрај тоа можат да станат шампиони.
Јасно е дека Ливерпул ќе биде нов шампион на Англија, прашање е само кога тоа ќе се случи официјално.
Едно сценарио вели дека можат да станат шампиони уште денеска иако не играат.
Арсенал го пречекува Кристал Палас, а ако гостите си заминат со сите три бода од Емирати, ќе му ја донесат титулата на Ливерпул вечерва.
Во таков случај Ливерпул би имал недостижна предност и уште вечерва ќе можат да почнат да ја слават титулата.
Како и да е, Арсенал е голем фаворит против Кристал Палас, па едно сценарио во кое топчиите губат, би било тешко остварливо.