Ливерпул убедлив против Саутемптон, Џерард ја препороди Астон Вила (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул одигра уште една моќна партија во Премиерлигата, овојпат жртва беше тимот на Саутемптон.

А дека на противникот не му се пишува добро се виде уште во втората минута кога по асистенција од Робертсон, Жота погоди за водство на Ливерпул од 1-0.

Во 32. минута нов гол на Жота, напаѓачот овојпат погоди по асистенција од Салах.

Само пет минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Тијаго Алкантара кој зголеми на 3-0, веќе беше јасно кој ќе го добие овој меч.

По седум минути игра во второто полувреме, Ван Дајк постигна гол и ги постави конечните 4-0.

Стивен Џерард во својот втор меч како тренер на Астон Вила ја забележа и втората победа, овојпат на гостински терен кај Кристал Палас со 2-1.

Таргет во 15. минута донесе водство од 1-0 за Вила, а Мекгин во 86. минута зголеми на 2-0.

Кристал Палас во 95. минута успеа преку Гуеи само да постигне почесен гол.

Немаше голови на мечот меѓу Норич и Вулвс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×