Ливерпул тргна по потписот на Бисума, Брајтон бара 40 милиони фунти

by
1 минути читање

Според
информациите кои ги објави „Експрес“, се верува дека Ливерпул сторил официјален
контакт со Брајтон околу можноста за ангажман на Јвес Бисума, фудбалер кој е
проценет на 40 милиони фунти од својот клуб.

Интернационалецот
од Мали подолг период се поврзува со „Редсите“, кои во 24 годишниот фудбалер од
средниот ред гледаат и повеќе од идеална замена за Џини Вајналдум кој се пресели во ПСЖ.

Бисума е под
договор со Брајтон до 2023 година, а за него клубот размислува да му понуди нов
договор, па иако веќе ја поставија цената за негова продажба, засега од таму не
се убедени во тоа дека продажба на фудбалерот би бил паметен потег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×