Актуелниот
европски првак, а речиси сигурно и нов шампион во Премиерлигата, Ливерпул
денеска одигра контролен меч со Блекбурн на домашен терен, секако без публика,
а домаќинот во целост ја потврди фаворитската улога на оваа пресметка.
Ливерпул дојде до
убедлива победа од 6-0 во контролката со второлигашот, „Редсите“ до
убедливата победа тргнаа со голот на Мане уште во 10. минута, a дуплирање на
водството дојде со голот на Кеита.
Минамино, Матип, Хевер и
Кларксон го „докрајчија“ гостинот со уште четири погодоци за конечни 6-0 на
пресметката која се одигра на „Енфилд“.
Убедливата победа
на составот предводен од Јирген Клоп на клупата е убава увертира за големото
градско дерби против Евертон идната недела, а на „Редсите“ на девет кола до
крајот на актуелната сезона им се потребни уште само две победи до првата
титула во Премиерлигата по пауза од цели 30 години.