242
Во Лестер се
надеваат дека нивниот 24 годишниот фудбалер од средниот ред, Јури Тилеманс ќе
стави потпис на нов договор со клубот, а од позадина под будно око ситуацијата
со Белгиецот ја следи Ливерпул.
Актуелниот
договор на Тилеманс со „Лисиците“ истекува во 2023 година, а клубот посакува
уште ова лето да ги реши сите дилеми во поглед на неговата иднина, а се верува
дека Белгиецот би добил плата од околу 100 илјади фунти неделно доколку потпише
нов договор.
„Сан“ извести
дека Белгиецот е близу потпишување на новиот договор со „Лисиците“, па така
големи се очекувањата Ливерпул да остане со празни раце ова лето за Белгиецот.