Ливерпул ќе чека услуга од Џерард за титулата, Сити киксна против Вест Хем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер Сити и
понатаму сам решава за титулата во Премиерлигата, но Ливерпул ќе има малку
повеќе надеж откако избраниците на Пеп Гвардиола попладнево кикснаа на
гостувањето кај Вест Хем и одиграа 2-2.

„Чеканите“ го
изненадија фаворитот во првото полувреме и со двата гола на Боувен, на пауза
заминаа со предност од 2-0.

Сепак, на стартот
од вториот дел, Грилиш намали на 2-1 а потоа Цоуфал си постигна автогол за 2-2
во 79. минута.

„Граѓаните“ во
финишот имаа шанса за целосен пресврт, судијата со помош на ВАР досуди пенал но
Фабиански го одбрани ударот на Марез за поделба на бодовите.

На Манчестер Сити
сега му треба победа во последното коло или кикс на Ливерпул за да ја одбрани
титулата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани