Ливерпул и Ајакс обезбедија осминафинале во ЛШ (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Во четвртото коло, Ливерпул дојде и до четвртата победа, со 12 бодови на две кола до крајот се пласира во нокаут фазата.

Александер Арнолд беше фантастичен, асистираше и при двата погодоци, едниот на Жота, другиот на Мане во првото полувреме.

Атлетико Мадрид од 36. минута играа со фудбалер помалку по црвен картон на Фелипе.

Во второто полувреме ВАР поради офсајд поништи голови на Жота и Суарез.

Максимални 12 бода има и Ајакс кој со 3-1 ја победи Борусија во Дортмунд.

Повеќе од еден час домаќинитет играа со фудбалер помалку откако Хумелс заработи црвен картон. Но и покрај тоа поведоа со гол на Ројс во 37. минута.

Сепак во вториот дел најпрво Тадиќ израмни на 1-1, а потоа Халер даде гол за комплетен пресврт и водство на Ајакс од 1-2, конечните 1-3 беа дело на Класен.

Интересно беше на дуелот меѓу Лајпциг и ПСЖ кој заврши нерешено 2-2, најреален резултат.

Лајпциг почна жестоко, со гол на Нкунку во 8. минута поведоа со 1-0, а во 12. минута Силва промаши пенал.

Казната стигна во 21. минута кога Вајналдум со својот прв гол во дресот на ПСЖ израмни на 1-1, а Холанѓанецот во 39. минута постигна уште еден погодок за комплетен пресврт и водство од 1-2.

Се чинеше дека ПСЖ ќе ги однесе трите бода, но Лајпциг доби уште еден пенал, овој пат Собослаи реализираше во 92. минута за конечни 2-2.

Манчестер Сити со убедливи 4-1 беше подобар од Клуб Бриж. Фоден, Махрез, Стерлинг и Габриел Жезус ги постигнаа головите за англискиот тим, Стоунс си постигна автогол. 

Интер со 3-1 победи кај Шериф Тираспол. Брозовиќ, Шкрињар и Санчез ги дадоа головите за италијанскиот тим, Траоре погоди за Шериф. Николов поради повреда не беше во комбинација за овој меч.

Најубедливата победа денеска ја извојува Спортинг Лисабон кој го победи Бешикташ со 4-0. Два гола постигна Педро Гонсалевез, по еднаш погодија Паулињо и Сарабија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани